Главниот водач на палестинско исламско екстремистичкото движење Хамас изјави дека е постигнат договор со ривалот Фатах, околу контролата на појасот Газа.
Водачот на Хамас, Исмаил Хани најави дека деталите од договорот ќе бидат објавени во текот на денешниот ден во Каиро.
Хамас со појасот Газа владее повеќе од една деценија откако на сила ја презедоа контролата од силите на Фатах. Тоа доведе до парализа и поделба на територијата на Палестина.
Претставници на Хамас и Фатах два дена преговараа во Каиро околу враќањето на управата на Газа.