Хрватска во изминатите неколку дена е потресена од трагедијата во која мајка со две деца на возраст од 5 и 1 година беа пронајдени запалени во автомобил.
Првичните наоди укажуваат на тоа дека станува збор за самоубиство бидејќи возилото било навлезено далеку во шумата и тешко би било да се врати повторно на патот. Исто така пронајдена е и плинска боца, а веќе починатата мајка оставила плик со пари за сопругот, пред да си замине од работа и отиде во смрт.
Мајката ден претходно на својата мајка се жалела дека е на крај со силата бидејќи на сопругот по вторпат му се вратил тумор на мозокот и се сама требало таа да прави.