Претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски, заедно со други членови на Судскиот совет, денес извршиле ненајавена контрола во гевгелискиот Суд, дознава порталот СУДСТВО.МК.
Како што дознава порталот од неофицијални, но сигурни извори, мисијата на првиот човек на Врховниот суд е да испита, кој ѝ дал судски налог на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за да може да направи претрес на канцеларијата и домот на екс-претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, кој се сомничи за злоупотреби на елкетронската распределба на судски предмети, како и за местење на предмети.
Според неофицијални информации за порталот, дека ден пред празникот, поточно во вторникот,на итна средба во Судскиот совет бил повикан и в.д. претседателот на Кривичниот суд, Стојанче Рибаров, чиј период на претседателстување, исто така, е предмет на анализа на СЈО. На состанокот не присуствувале сите членови, а претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски остана недостапен за јавноста.