По Армани и Хуго Бос, уште едно големо дизајнерско име се одлучи за хумана мода и отстапи од користење природно крзно во својот дизајн.
Организацијата The Human Society of the United States и меѓународната коалиција Fur Free Alliance, ја пренесоа информацијата дека модната куќа Гучи објавила дека повеќе нема да користи животинско крзно во својот дизајн, почнувајќи од колекцијата за пролет-лето 2018.
Компанијата со овој чекор им се приклучи на дел од водечките светски брендови кои не имплементираат крзно во својот дизајн, меѓу кои се и Стела Мекартни и Net-A-Porter…
Воедно, Гучи ќе се приклучи и на меѓународната програма Трговија без крзно, што станува се поактуелна во модната индустрија.