Италијанската мисица, Џесика Нотаро, го загуби својот вид, а лицето и е тешко повредено, откако, како што се сомнева полицијата, незиното поранешно момче Хорхе Едстон и фрлил киселина директно во очите.
Таа во 2007 година беше финалистка на изборот за Мис на Италија, а работи и како водителка и танчерка. Љубовта меѓу неа и Хорхе започнала одкако се запознале во Римини, кога таа работела како тренер на делфини, а тој како телохранител. Сепак оваа љубовна бајка траела само една година. Откако се разделиле Едсон непрекинато ја следел, а таа од полицијата побарала забрана да и се доближува.
Италијанката е пренесена во болница во Чезена каде е задржана за понатамошно лекување. Според првичните информации, лекарите стравуваат дека ќе го загуби видот, а на лицето ќе и биде направена пластична операција.