Шпански воен авион се урна денес откако учествувал во парадата во Мадрид за да го одбележи националниот празник, каде што пилотот загина, соопшти Министерството за одбрана на Шпанија.
„Можам да потврдам дека авионот се урна“, рече портпаролот на Министерството за одбрана, а локалните медиуми објавија дека авионот се урнал во близина на воена база во Албасете, 300 километри југоисточно од главниот град, според АФП.
Министерството за одбрана соопшти дека тоа е борбен авион и дека пилотот е мртов, пренесува АП.
Медиумите емитувале видео клип со чад, кој, наводно, се појавил поради експлозија на авион.
Војници и полицајци маршираа во четвртокот по улиците на Мадрид за одбележување на националниот празник на Шпанија, во средината на една од најголемите кризи со кои се соочува земјата, затоа што својата богата североисточната провинција Каталонија се заканува со отцепување.
Accidente aéreo en la Base Aérea de Los Llanos. #albacete pic.twitter.com/4D488KICpO
— MARIO_RP (@marioruiz_ab) October 12, 2017