Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси наскоро треба да потпише продолжување на соработката со каталонскиот гигант.
Се верува дека Аргентинецот ќе потпише нов четиригодишен договор, со кој ќе заработи скоро 600.000 евра неделно, но тоа не е се што ќе добие Меси.
За лојалност кон клубот, 30-годишениот фудбалер ќе добие неверојатен бонус од 90 милиони евра. Менаџерот на клубот, наводно, ветил дека Меси ќе добие бонус ако потпише нов договор, што секако е само прашање на време.
Тековниот договор на Меси со Барса истекува на крајот од оваа сезона. Тој ќе има можност да преговара со други клубови од јануари, а во Барселона се чини дека легендарниот аргентинец ќе се согласи да стави потпис за новиот договор во наредните денови.
Бонус од околу 90 милиони евра, секако, е еден од најголемите во историјата на спортот, но за таков играч очигледно вреди да се исплати секоја монета.