-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Амбасада на САД: Ги охрабруваме граѓаните да ја реафирмираат својата определба кон демократските вредности и владеење на правото

„Претстојните локални избори на 15 октомври се важни за иднината на Македонија како просперитетна и стабилна демократија, целосно интегрирана во евро-атлантските институции. Ги охрабруваме сите граѓани да го искористат своето право на глас, да ги искажат своите ставови за проблемите во нивните заедници и да ја реафирмираат својата определба кон демократските вредности и владеењето на правото.

Ги охрабруваме граѓаните, цивилното општество и медиумите да ги пријават сите сознанија за изборни нерегуларности на соодветните органи. Надлежните од централната и локалната власт треба целосно да ги истражат сите наводи за злоупотреба и да преземат соодветни мерки. На крајот, партиите, владините институции, новинарите и граѓаните, преку своите акции, ќе одредат дали процесот бил кредибилен.

Ние веруваме дека изборите се клучен дел од секоја демократија и ги поддржуваме напорите со кои граѓаните се охрабруваат да гласаат. Амбасадата на САД активно ќе учествува во набљудувањето на изборите, заедно со другите меѓународни и локални набљудувачи“ соопштија од Амбасадата на САД во Македонија.

поврзани објави

Последни објави