23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Скопски ловџија застрелан во лицето, но за среќа надвор од животна опасност

На стартот од ловната сезона во Македонија е забележан и првиот инцидент, кој за среќа не заврши кобно како што беше во многу претходни случаи.

Во текот на вчерашниот ден околу 08.00 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека на 11.10.2017 година околу 07.40 часот во Градската општа болница „8-ми Септември“ бил примен В.С. (33) од Скопје со повреди од огнено оружје на десната страна на лицето, десното колено и десната рака.

Имено, В.С., истиот ден бил на лов на „Зајчев Рид“ и околу 07.00 часот, додека се движел кон местото викано „Бардовечко брдо“, слушнал истрели од огнено оружје, по што се здобил со телесни повреди. Врз В.С. била извршена хируршка интервенција и се наоѓа надвор од животна опасност.

поврзани објави

Последни објави