5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

На митинг на ДУИ се пукало со огнено оружје

Министерството за внатрешни работи на Македонија (МВР) ја информираше јавноста дека во текот на вчерашниот ден, на собири на партијата ДУИ било пукано од огнено оружје.

Како што се наведува, вчера околу 20.50 часот во с.Пласница, при одржување на јавен собир во организација на политичка партија ДУИ, односно во формирана колона од возила која се движела од с.Лисичани низ с.Преглово кон с.Пласница, кога пристигнале во близина на штабот на ДУИ, кој се наоѓа на сред село, од колоната на возила во движење биле испукани неколку куршуми од огнено оружје најверојатно пиштол.

Исто така, истиот ден, околу 20.00 часот во с.Лисичани, додека се одржувал јавен собир на кој говорел градоначалникот на с.Пласница, непознато лице испукало неколку истрели од огнено оружје.

поврзани објави

Последни објави