Во текот на вчерашниот ден, околу 12.50 часот во водите на реката Вардар, на место викано „Долни Дуќани“- Велес, од страна на граѓанин бил пронајден леш на женско лице на возраст од околу 70 години.
По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. МВР информира дека се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето и целосно расчистување на случајот.
Нешто претходно, но во Скопје, околу 13:40 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од страна на Итна медицинска помош, било пријавено дека на ул. „Орце Николов“ во Скопје од страна на случајни минувачи во патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Г.С. (42) од Скопје.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.