3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

СЈО: Немаше никакви апсења, одземени се документи од Архивот

Специјалното јавно обвинителство од Државниот архив, одземало одредени документи кон крајот на минатиот месец. Како што најавија од обвинителството, процедурата била според сите законски прописи, но немало асења и насилно влегување.

“Станува збор за предмет во предистражна постапка и не може да дадеме повеќе информации околу тоа на што се однесуваат одземените документи. Може само да кажеме дека документите беа одземени согласно законската процедура без да има било какви упати апсења и слично”, изјавуваат од СЈО.

Од неофицијални информации кои излегоа во медиумите, станува збор за документи поврзани со проектот „Скопје 2014“, во кој беа изградени вкупно 136 објекти, а за нив беа потрошени околу 670 милиони евра.

Во медиумите вчера излезе веста дека директорот на Архивот, Филип Петровски бил уапсен, но и самиот тој го демантираше случајот.

поврзани објави

Последни објави