11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Реал бара моќно засилување во јануари: Еве кого посакува Роналдо, а кого Зидан

 

Кристијано Роналдо во сериозна пресметка со претседателот на Реал Флорентино Перез. Оваа информација пристигнува од Шпанија, а според шпекулациите незадоволниот Португалецот би можел и да го напушти Реал Мадрид.

Роналдо овој пат е одлучен во намерата да го убеди Перез повторно да проба да го купи Давид Де Геа, пишува шпански Дон Балон.

Голманот на Манчестер Јунајтед и шпанската репрезентација бил на чекор од Реал Мадрид пред две години, но трансферот пропаднал поради бизарна причина – факсот не пристигнал на време.

Подоцна Манчестер Јунајтед одбиваше да го продаде својот прекрасен голман, а Перез во меѓувреме олади и привремено се повлече од намерата да го купи шпанскиот репрезентативец. Кејлор Навас бранеше сјајно во првата сезона, стана омилен кај своите навивачи, но не му беше по кеиф на Перез.

Претседателот на Реал повторно бара наследник на Навас, а Роналдо наводно му сугерира да се врати Де Геа. Португалецот смета дека Де Геа би бил големо засилување за Реал и би ја подигнал играта на цела одбрана.

Португалецот и Шпнаецот имаат ист менаџер, се работи за моќниот португалец Хорхе Мендес. Зинадин Зидан има добро мислење за Де Геа, но според пишувањата на медиумите тој не смета дека сега е потребно време за да се менува Навас.

Зидан е задоволен со сегашниот голам и не му е приоритет нов голман. Очигледно е дека Роналдо и Зидан не се согласуваат кога станува збор за нови засилувања, а тука се наѕира и проблемот за можен конфликт.

Имено, французинот, моментално е преокупиран во потрагата за резервни напаѓач и потенцијален десен бек. Ситуацијата со Даниел Карвахал уште не е разрешена, иако стигнале позитивни вести што се однесува до неговите проблеми со срцето, но уште стои знак прашалник кога ќе се врати на терен.

поврзани објави

Последни објави