6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Спремете се за „војна“ во Мадрид: Јас сум тренер, а не градинар

Во Шпанија и понатаму продолжува главна тема да биде референдумот во Каталонија, а со тоа и дуелот Атлетико и Барселона овојпат е дополнително понапнат0, а атмосферата дополнително ја запали тренерот на „јорганџиите“ Диего Симеоне.

Барселона најде начин да се “закачи” со тимот од Мадрид, и ги обвинија дека имаат висока трева на стадионот „Ванда Метрополиано, и како намерно да работат на тоа да ја забават играта на Барса.

“Слушајте, јас сум тренер, а не градинар. Јас го припремам тимот за игра, а не косам трева. Кога ќе поканите некого во вашиот дом, тогаш тој јаде и ги користи мојте чинии и чаши. Кога јас дојдов кај вас, не бирав туку го добив она што ми беше понудено“, рече Симеоне.

Атлетико и Барселона ќе го одиграат своето дерби во осмото коло од Ла Лига утре во 20:45 часот. Барса моментално е лидер со максимални осум победи, додека Атлетико е четврти со 15 поени и шест помалку од Каталонците.

Локалните медиуми сметаат дека било кој иден Мадридско-каталонски судир, без оглед на тоа дали игра Реал или Атлетико со Барса, ќе донесе многу тензии и сето тоа ќе изгледа како вистинска фудбалска војна.

поврзани објави

Последни објави