6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Могерини: Договорот со Иран не може еднострано да се поништува

Спогодбата со Иран е меѓународен договор и „не може ниту една држава еднострано да го прогласи за неважечки“, изјави Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

– Тоа не е билатерален договор, и не и припаѓа на ниту една држава. Американскиот претседател има многу моќ, но не и за ова. Европската унија јасно нагласи дека договорот е, ќе биде и ќе продолжи да функционира, изјави таа.

Реакцијата на Могерини е дадена по говорот на Трамп, во кој тој одби да го потврди договорот и побара неговата администрација да се спротивстави на „дестабилизирачки активности“ на Техеран. Трамп најави и дополнителни санкции за Иран за да запре, како што тврди Трамп, „финансирање на терористи“.

поврзани објави

Последни објави