2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Колапс на Исламска држава во Рака

Ноќеска од северносирискиот град Рака се повлече последната група сириски борци на терористичката милиција Исламска држава, изјави раководителот на Сириската опсерваторија за човекови права, Рами Абдел Рахман за германската новинска агенција ДПА. Во текот на минатите денови, најголем дел од припадниците на џихадистичката организација, заедно со мажите и нивните семејства, по предупредувањата издадени од Сириските демократски сили, предводени од Курдите, се изведени од градот.

Меѓутоа, во завојуваниот град Рака сѐуште се останати странските членови на Исламска држава, а нејасно е за колкав број екстремисти станува збор. Ал-Рака, покрај градот Мосул во северен Ирак, се сметаше за најважниот бастион на екстремистичките исламисти. Сириските демократски сили, сојуз на повеќе бунтовнички групи од Сирија, почна поход против џихадистите во Рака во ноември минатата година. Откако градот беше опколен, на почетокот на јуни годинава започна јуришот врз градот. Офанзивата беше поддржувана од воздух од силите на меѓународната анти-ИД коалиција, предводена од САД. Рајан Дилон, портпарол на коалицијата, изјави за Ројтерс дека во нардните денови се очекуваат жестоки борби, но прашање на време е кога Рака ќе биде комплетно исчистена од терористите на Исламска држава.

Извор: DW

поврзани објави

Последни објави