Иванка Трамп, ќерката на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, на социјалните мрежи изјави дека официјално се повлекува од компанијата „Трамп“, но најави дека е уверена дека бизнисот ќе продолжи и понатаму успешно да се развива.
Таа изјави дека нејзините браќа ќе продолжат да ја надгледуваат организацијата „Трамп“ и дека е сигурна во нивната способност. Иванка Трамп додаде дека со семејството ќе се пресели во Вашингтон, затоа што нејзиниот сопруг ќе биде советник на Доналд Трамп и повеќе внимание ќе им обрати на своите деца.
Доналд Трамп, на синоќешната конференција за новинари, потврди дека и официјално го предал бизнисот на своите синови.
„Моите двајца синови, кои се моментално овде, Дон и Ерик, ќе ја водат компанијата. Тие ќе си ја вршат работата на многу професионален начин“, изјави Трамп.