3.8 C
Skopje
Friday, February 23, 2024

МОСТ регистрираше нерегуларности

Изборниот процес засега тече непречено и без поголеми проблеми. Набљудувачите на граѓанската асоцијација МОСТ забележале доцнење на почетокот на гласањето во шест избирачки места. Се доцнело затоа што членовите на избирачките одбори морале да отстранат пропаганден материјал  околу гласачкото место, а во општината Македонски Брод, едно гласачко место е отворено со задоцнување од 30 минути затоа што избирачкиот одбор доцнел со уредувањето на просторот за гласање.

„До сега се забележани следниве нерегуларности: Гласачко место 1860 во општина Струга на почетокот на гласањето избирачкиот одбор откинал 3 гласачки ливчиња од кочанот заедно со серискиот број по што гласачите ги ставиле ливчињата во гласачките кутии.  Гласачко место 0689 општина Кавадарци гласачко ливче е откинато заедно со серискиот број тоа било ставено во плик кој бил затворен, а на гласачот му било дадено ново гласачко ливче. Избирачкиот одбор направил записник за овој случај.  На гласачко место 1076 во општина Куманово  гласањето било прекинато во  период од половина час поради тоа што не работела ув ламбата. Гласачко место 1117 во општина Липково ув ламбата не се користи во сите случаи, а избирачкиот одбор не реагирал  на оваа нерегуларност. Гласачко место 859/1  во општина Стуга гласач ги фотографирал двете гласачки ливчиња и ги ставил во гласачката кутија и и побегнал од гласачкото место“, Златко Димитриоски – MОСТ.

МОСТ денешното гласање го следи со над 2.500 набљудувачи. На гласачките места се распоредени 2.100 набљудувачи кои покриват околу 50 проценти од сите гласачки места во Македонија.

Од граѓанската асоцијација потсетуваат дека во текот на денот граѓаните кои сакаат да пријават нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес тоа можат да го направат на бесплатната телефонска линија 080 080 080 или преку нивната  интерактивната веб-платформа.

Извор: ТВ 24

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -