4.8 C
Skopje
Friday, February 23, 2024

Орхан Памук: Веќе не можам да живеам во Истанбул

Во интервју за италијанскиот весник „Стампа“, турскиот писател и добитник на Нобеловата награда за литература Орхан Памук изјави дека поради политички причини повеќе не може да живее во Истанбул. Според него, неговиот сакан Истанбул е уништен, а во последните 15 години имало бројни негативни промени во градот, бидејќи градот станал богат, но помалку слободен.
„Веќе е погрешна дури и носталгија“, коментира тој. Памук рече дека иако живее во Њујорк, Истанбул останува негов дом, но тој повеќе не може да живее таму.
„Денес во Истанбул нема слобода на говорот и тоа ме прави гневен, тажен и збунет”, додава тој.
Турският нобеловец е категоричен дека им завидува на западните писатели, бидејќи на нив не им се наметнува да дискутираат за политичката ситуација во нивните земји, туку само зборуваат за свои книги.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -