2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Борисов: Македонија спроведе успешни, фер и демократски избори

Организацијата на изборите создадоа услови во кои граѓаните можеа слободно, врз основа на сопствената политичка волја да го дадат својот глас за политичката опција според нивниот избор, истакна денеска премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов во телефонскиот разговор со претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев.

 

Како што соопшти владината прес-служба, Борисов на Заев му го честитал успешното спроведување на локалните избори и му порачал дека Бугарија останува и понатаму доследна на поддршката за политиките на новата Влада на Македонија. Борисов изразил надеж и очекување за скоро членство на Македонија во НАТО и почеток на преговорите за членство во Европската Унија.
Извор: Либертас

поврзани објави

Последни објави