Ќе го побарам Села за да разговараме за можноста за соработка во вториот круг за да ги максимизираме резултатите, изјави денеска Билал Касами, претседателот на движењето Беса.
Веќе имало и средба на лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, со кандидатот на коалицијата за градоначалник во Гостивар Арбен Таравари, заедно со Билал Касами, лидерот на Беса и кандидатот за градоначалник на оваа партија во Чаир, Зекирја Ибраими.
Таравари на својот фејсбук профил ја објави оваа фотографија и напиша – „продолжуваме заедно“.
Во Гостивар во вториот круг влезе Таравари, а негов противкандидат е Невзат Бејта од ДУИ.
Во скопската општина Чаир пресметката во вториот круг ќе се води меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими. Разликата е од 1.653 гласови во корис на ДУИ. Во општината Сарај, поранешниот министер за правда Блерим Беџети од ДУИ е во убедливо водство пред противкандидатот Башким Бакиу од Беса.
Неизвесна ќе биде и пресметката во Струга – досегашниот министер без ресор Рамис Мерко од ДУИ е во минус од 1.300 гласа во однос на актуелниот градоначалник Зијадин Села.
И во Тетово ќе има пресметка меѓу ДУИ и Беса. По првиот круг Теута Арифи, актуелната градоначалничка е во предност (13.265 гласа) пред Касами (8.767 гласа).
Извор: МКД