Македонскиот ракометен првак Вардар ја продолжува победничката низа сезонава со петтиот триумф по ред во СЕХА Газпром лигата, вечерва над ППД Загреб со резултат од 30-23 (17-10)
За „црвно-црните“ ова е втор триумф за против хрватскиот првак за две седмици, откако на почетокот на месецов славеше над истиот ривал со 28-21, но во Лигата на шампионите.
Во тимот на Вардар вечерва најефикасен беа Тимур Дибиров и Игор Карачиќ со по 6 гола, пет постигнаа Вуко Борозан, а а четири даде Мијајло Марсениќ.
Со овој триумф Вардар останува на лидерското место во СЕХА Газпром лигата со максимални 15 бодови на пет натпревари. Во новата сезона Вардар има серија од 11 натпревари без пораз, од што пет се во СЕХА лигата, и исто толку во ЕХФ лигата на шампионите, и плус една победа во домашниот Супер Куп.