Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во текот на денот оствари средба со премиерот на Република Албанија, Еди Рама.
На средбата било разговарано за македонско албанските односи, за актуелната политичка состојба и за стратешките приоритети на Република Македонија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски посочил дека е за отворена соработка со Република Албанија базирана на принципиелна основа.
Во таа насока не помагаат различните документи како што е Тиранската Платформа која, како по формата во која беше промовирана, така и во својата суштина нема да допринесе за развивање на пријателство базирано на искрени основи меѓу двете држави, и може да има негативен ефект во однос на меѓусебниот соживот во Република Македонија, истакна Груевски.