17.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Стравични пожари во Португалија, досега најмалку 41 мртво

Во Португалија деновиве во централниот и северниот дел од државата беснеат стравични пожари кои досега однесоа најмалку 41 жртва.

„Бројот на загинати од 37 се зголеми на 41, повредени се 71 лице од кои 16 тешко“, изјави потпаролот на португалската цивилна заштита.

Пожарот дополнително го распламна и ветерот кој го следеше ураганот Офелија на Атлантикот. За Португалија ова е реприза на 17 јуни годинава кога беше најсмртоносниот пожар кој однесе 64 човечки животи, а повреди 250 лица.

 

 

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави