Со синоќешните натпревари започна 72 издание на најсилната кошаркарска лига во светот НБА, во која Голден Стејт Вориорс ја брани титулата од ланското финале протви Кливленд Кавалирс.
Новата сезона беше отворена со дуелото помеѓу Кливленд и Бостон Селтикс, во кој Кавалиерс водени од Леброн Џејмс ги добија Селтикси 102-99 (54-38). Леброн беше прва алка кој за малку не оствари „трипл-дабл“ ефект постигнувајќи 29 поени, 16 скока и 9 асистенции , „дабл-дабл“ оствари и Кевин Лав со 15 поени и 11 скока. Кај Бостон одличен беше Џајлен Браун со 25 поени, додека втор стрелец е новата ѕвезда Кајри Ирвинг со „дабл-дабл“ учинок од 22 поени и 10 скока.
Во вториот дуел актуелниот бранител на тронот во екипата на Голден Стејт загуби од Хјустон Рокетс со 121-122 во меч со многу возбудување и атрактивна кошарка, на крајот домаќинот можеше и да се извлече но погодениот шут на Кевин Дурант за стотинка беше поспор од часовникот во арената.
Прва виолина во победничкиот тим беше Џејмс Харден со 27 поени и 10 асистенции, додека кај поразените најмногу поени имаа Јанг (27), Кари (22), Дурант (22).