Македонска државјанка загинала на автопатот Белград-Ниш кај Умчари во Србија, а тројца се потешко повредени.
Според српските медиуми несреќата се случила кога автомобил марка ауди А6 со македонски регистарски таблички излетал од патот и удрил во каналот што се наоѓал под патот.
Медиумите од соседството јавуаат дека во возилото имало четири државјани на Македонија, двајца мажи и две жени на возраст од 30-35 години кои од Белград се враќале кон Македонија. Повредените се прфрлени во Ургентниот центар,а двајца од нив се во критична состојба.