Fri. Sep 22nd, 2023

Популарното хрватско дуо „2CELLOS“ го објави својот прв сингл од албумот кој го најавија „Score“. Насловот на новиот сингл е „Game of thrones“, а е инспириран од серијалот „Игра на тронови“.

Спотот за синглот е во режија на Дарко Дриновац, а е сниман во Дубровник, на локации каде е снимана и серијата „Игра на тронови“.

„Секогаш ни беше желба да создаваме филмска музика и кој би помислил дека еден ден ќе снимиме цел албум со најдобриот оркестар во светот! Ја сакаме филмската музика, а на албумот ги претставуваме некои од нашите најдраги дела и за нас омилените филмски музичари“, изјавија Лука и Стјепан.

By D.S

Leave a Reply

Your email address will not be published.