Министерот во Владата на Република Македонија Едмонд Адеми, задолжен за дијаспората, денес оствари работна средба со амбасадорот на Израел во Република Македонија, г-н Дан Орјан.
На средбата министерот информираше за усвојување на Информацијата за потребата од изготвување Национална стратегија за соработка со дијаспората 2018/2023, како прв чекор кон систематски и институционален пристап кон дијаспората, како важен столб за развојот на Република Македонија.
Амбасадорот Дан Орјан, истакна дека дијаспората е многу важен партнер и дека Израел има големо искуство со дијаспората каде што со задоволство ќе ги разменат нивните искуства.
Искуството на Израел во ангажирање и инволвирање на својата дијаспора во политичките, економските, културните и образовните процеси е огромно, и има многу што да се научи од нив, и верувам дека заедничката соработка во периодот што следи, ќе биде од огромно значење за нас, со што дополнително ќе се зајакнe пријателството помеѓу Република Македонија и Израел, рече министерот Едмонд Адеми.