6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Ајатолах Кхамнеи: Ако САД се повлечат од Нуклеарнатата спогодба, ние ќе ја „искинеме на парчиња“

Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Кхамнеи изјави дека Техеран ќе го почитува договорот за нуклеарното програма со светските сили, ако и другите земји во договорот се придржуваат кон него. Ајатолахот предупреди дека ако САД го напуштат договорот, Иран ќе го искине на парчиња. Али Кхамнеи ја поздрави поддршката на европските земји за спогодбата, но рече дека тие треба да сторат повеќе во оваа насока, откако американскиот претседател Доналд Трамп одби да ја потврди посветеноста на САД кон договорот. Европа мора да се спротивстави на активностите на Америка, рече тој.
Хамнеи истакна дека европските влади ги осудуваат барањата на американскиот претседател и Техеран го поздравува овој пристап, но смета дека американскиот претседател не ги разбира тие препораки.
“Нема да си го арчам времето да одговарам на небулозните коментари на претседателот силеџија”, изјави ајатолахот во врска со пораките што стасуваат од страна на претседателот Трамп.
Кхамнеи изјави дека Иран е решен да продолжи со разработувањето на спорната програма за балистички ракети и покрај настојувањето на Европа и Америка, истата да биде прекината.

„Европејците прашуваат зошто Иран има ракети? Зошто самите вие ​​имате проектили? Зошто имате нуклеарно оружје? Не мислиме дека е прифатливо Европејците да и помагаат на Америка во нејзината тортура  врз нашата земја”, рече Кхамнеи.

поврзани објави

Последни објави