23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Популистот, фашистот и конзервативецот (1)

Јас не сум политиколог (и никогаш нема да бидам како што пее Кирил Маричков (бугарски рок музичар, бел. ред)), но не можам да ја игнорирам се почестата и поемоционална употреба на  зборот „популизам“ и неговите синоними во јавните дебати и медиумите.

Чудно зошто тој збор се кажува со навредлива конотација и се користи тогаш кога „сакате да удрите по некого“. Најчудното е тоа што најчесто овој збор се користи кога се навредуваат некои нормални и совесни конзервативни луѓе.

Еве, во една релативно кратка статија за последните избори во Австрија зборот „популизам“ е искористен шест пати, вклучувајќи  ги фразите „десничарски популисти” и „популистички демони”. Статијата не е контроверзна, ниту пак е политички памфлет, туку едноставна информација.

Во левичарската либереална реторика „популист” како навреда оди заедно со „фашист”. Како во градинка. Ако не ти се допаѓаат шарените демонстрации на хомосексуалците по градските улици – вие сте фашист. Ако повикате на ограничување на злоупотребата на социјалните бенефиции – вие сте фашист. Ако кажете нешто против малцинствата – вие сте фашист. Ако изразите малку повеќе емоционален патриотизам – вие сте фашист. Ако стоите во одбрана на верата и црквата – вие сте (православен) фашист. Ако покажете носталгија за живот во Бугарија пред 1944 – вие сте (монархо) фашист.

Но, за што точно зборуваме – наслови како „ Умрено титовистичко куче” беа карактеристични токму за „Работничко дело” во 50-тите години на минатиот век, таму се зборуваше за “подлоги на светскиот империјализам”, кои точат гнојни лиги од злоба пред успесите на социјализмот. Што уште да очекувате од современите претставници на ова училиште. Навредите се нивниот професионален стил.

На изборите во Австрија се случи тоа што луѓето ја прифатија едноставната платформа на Курц за справување со имигрантскиот проблем, наместо баналните муабети на социјалистите за нови работни места и чуда во економијата,

Поради оваа причина, победничките партии беа наречени „популисти” и намерно ги нарекуваа „популисти” на начин кој звучи навредливо.

Што е популизам и зошто токму десничарските партии ги нарекуваат популистички? Можеби затоа што на теорија популизмот е метод на спротивставување, на одредување на нешто како “народ” и насочување на енергијата кон сè друго што не е „народ”. Но надвор од академските дефиниции, денес под „популизам” се разбира такво политичко однесување кое е насочено кон најшироката и скромна во културна смисла гласачка маса.

Популистот ветува работи кои сам знае дека е невозможно да се исполнат, но смета дека така создадената од него розева перспектива, ќе го наведе “обичниот човек” да гласа со вистинското ливче во рака.

Од каде тоа дека десничарските партии се популистички? Значи, не се популисти социјалистите со идеите за „постојано растечката благосостојба на работниците” и со ветувањата за постојано праведно распределување на непостоечките добра. Не се популисти и либералите со нивната „социјална држава”, со „крајот на историјата” со совршенството на либерално-демократскиот поредок, кој треба да го опфати целото глобално село и да ги научи глобалните селани на толеранција и мултикултурализам. Тие не се популисти, туку популисти се несреќните десничари.

Забележете дека не се работи само за десничарите туку и за конзервативците. Дали ја разбирате еволуцијата на концептите? Ако десничарите се популисти и конзервативците одат десно, тогаш и конзервативците очигледно се популисти. Или само фашисти – зашто да си играме со поимите ! Денес намерно, конзервативниот човек го нарекуваат фашист….

Следува… 

Пишува: Иван Стамболов- Сула (www.webcafe)

 

поврзани објави

Последни објави