Барселона во сабота ја продолжи низата без пораз во новата сезона одигрувајќи 1-1 со мадридски Атлетико.
Домаќините долго време беа во водство, но Суарез ги спаси Каталонците и му донесе бод на својот тим. Антонио Гризман и Лео Меси исто така беа на теренот, но ниту еден од нив не прикажа спектакуларна игра.
Но, двата светски суперталентирани играчи имале таен разговор после натпреварот. Јавна тајна е дека Барселона сака да го купи овој прекрасен французин. 30. годишниот Суарез не е воопшто во фантастична форма, а Барселона сака да го пополни местото на Нејмар кој замина во ПСЖ. Дон Балон тврди дека Меси веќе разговарал со Гризман за евентуален трансфер на Камп Ноу и ја изразил својата желба Французинот да стане негов соиграч. Двата играчи имаат одличен однос, иако се големи ривали на терен. Како што стојат работите, се поголема е веројатноста французинот наредното лето да стане нов член на Каталонскиот гигант.