19.8 C
Skopje
Monday, June 30, 2025

Милан со уникатен трансфер: Легендата се враќа на „Сан Сиро“

Поранешниот бразилски репрезентативец Кака има опција да продолжи со играњето на фудбал уште половина година во тимот кој од секогаш му беше во срцето, Милан, пренесува Тутоспорт.

Моментално пред легендата на росонерите има две варијанти. Да игра 6 месеци за Милан, а потоа да работи во италијанскиот клуб, или да се врати во Сао Паоло, каде што започна неговата фудбалска кариера.

Носителот на Златната топка ги помина своите најдобри години од кариерата во тимот на Милан, пред да биде купен од Реал Мадрид во 2009 година, но во Шпанија тој не успеа да се прикаже во најдобро светло, па замина за Америка.

Треба да се напомене дека бразилецот пред речиси една недела изјави дека планира да ја заврши својата кариера, затоа што повредите веќе се сé почести.

поврзани објави

     

Последни објави