Државната Изборна Комисија денес информираше дека се пристигнати вкупно 46 приговори, од кои 43 од страна на ВМРО-ДПМНЕ, и по еден од ТМРО, Алијансата на Албанците и Левица. Со овие приговори се оспоруваат резултатите од 94 избирачки места, или вкупно помалку од 3 проценти од вкупниот број на избирачки места кој изнесува 3.480. Според владеачката партија изборите биле целосно регуларни и нема да поднесат ниту еден приговор.
Според Влатко Ѓорчев, извештајот на ОБСЕ/ОДИХР според кој изборите беа фер и демократски е необјективен и служел за прекривање на нерегуларностите.
ДИК има рок најдоцна до утре на полноќ да ги реши приговорите, но дали ќе има прегласување доколку некој биде прифатен, ќе зависи од можната промена на крајниот резултат.
Засегнатите можат да поднесат и тужба против одлуката на ДИК до Управниот суд, кој својте пресуди ќе треба да ги објави до недела на полноќ.