Во вторникот вечерта, сите очи на „Сантијаго Бернабеу“ беа вперени во Хари Кејн. Последица на тоа е се почестото поврзување со евентуален трансфер во Реал Мадрид.
Иако имаше шанса да заблеска на најголемата сцена, Кејн не постигна гол.
Тој играше во просек, но тој беше на истиот терен како и Кристијано Роналдо. Дали е ова иднина на “кралевите”? Или некој друг Англичанец ќе биде во Мадрид?
„Дон Балон“ пишува дека Роналдо верува дека иднината на Реал е – Маркус Рашфорд.
Се вели дека еден од најдобрите фудбалери на денешницата му кажал на Флорентино Перез, да го ангажира 19 годишната сензација наместо Кејн.
Многумина го гледаат Рашфорд како иднина на Манчестер Јунајтед. Напаѓачот е веќе 11 години во клубот, откако потпиша за црвените ѓаволи на осум години.
Младиот англичанец неодамна потпиша нов одговор кој го врзува на „Олд Трафорд“ до 2020 година, меѓутоа Роналдо посакува да го види покрај него во Реал.
Сепак, Рашфорд нема да биде ефтина опција. Се споменува цифра во износ од 200 милиони евра за играч кој дебитираше за клубот во Европа лигата минатата сезона против Митинланд.