Турција денеска донесе одлука за изградба на бетонски ѕид на одредени места на својата граница со Сирија и Ирак, со вкупна должина од 330 километри, соопштуваат од Генералштабот на турските Воени сили.
Како што пренесува агенцијата Анадолија, покрај бетонскиот ѕид, донесена е одлука и да се постави жичена ограда во должина од 191 километар, со цел да се зголеми безбедноста во турските погранични региони.
Туските безбедносни сили, во текот на минатата година спречиле 57,000 обидии за илегален влез на територијата на Турција, а околу 424.000 лица биле приведени.
На 24 август минатата година турската армија во северна Сирија ја започна операцијата „Еуфратски штит“, чија цел е потиснување на борците на џихадистичката група Исламска држава (ИД) од реоните долж нејзината граница.