7.8 C
Skopje
Tuesday, February 18, 2025

Во Турција само државно одобрени сунитски свештеници ќе можат да склучуваат бракови

Си Ен Ен Турк објави дека Парламентот во Турција усвои нов закон според кој само сунитски свештеници, кои се одобрени од државата, стекнуваат право да регистрираат бракови

Предлагачите од Партијата на правото и развојот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и поддржувачите на законот сметаат дека таквата одредба одговара на културните потреби на Турците и ќе ги спречи заедничките живеења без брак.

Опозициската Народно републиканска партија изрази голема загриженост од поделбата меѓу религијата и државата. Прокурдската Демократска партија на народите исто така се спротивстави на законот. Нејзин пратеник изјави дека со овој закон се прекршуваат правата на жените за развод.

Според некои аналитичари, новата мерка не им дозволува еднакви можности на оние кои не ја признаваат сунитската варијанта на исламот.

Според Уставот, Турција е секуларна држава, но во последните години се интензивираа исламистичко-конзервативните тенденции.

поврзани објави

Последни објави