13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Гестот на Лукаку спрема голманот на Бенфика го воодушеви светот

Манчестер Јунајтед синоќа победи на гостувањето кај Бенфика со резултат од 1:0 во 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Оваа средба младиот голман на Бенфика ќе ја памети до крајот на животот бидејќи беше негово деби во ова светско фудбалско натпреварување. Миле Свилар, голманот на Бенфика, пред само два месеци наполни 18 години во кој стана најмладиот дебитант во историјата на најелитното клупско натпреварување во Европа. Синоќа тој имаше неколку прекрасни интервенции, но на негова жалост направи и една голема грешка поради која Јунајтед дојде до водство и на крајот победи. По натпреварот поддршка му пружи напаѓачот на Манчестер Јунајтед и негов сонародник Ромелу Лукаку.

Тој по натпреварот му се доближи на младиот голман и му порача да не се грижи поради грешката при што го мотивираше за следниот натпревар. Ова е навистина убав гест од страна на сјајниот напаѓач од Белгија.

поврзани објави

Последни објави