29.8 C
Skopje
Sunday, June 29, 2025

(ВИДЕО) Меси конзумираше непознато апче за време на синоќешниот натпревар

Најдобриот фудбалер на Барселона – Лео Меси, беше во центарот на вниманието за време на победата од 3:1 против Олимпијакос во натпреварот од групата Д во Лигата на Шампиони.

Петкратниот носител на Златната топка успеа да постигне еден од погодоците за својот тим, со кое ја израмни својата сметка на вкупно 100 погодоци во европските натпреварувања, а од почетокот на 2017 година успеа да постигне вкупно 50 гола на сите натпреварувања.

Уште во 10. минута од натпреварот на „Камп Ноу“, аргентинецот со својот потег зачуди многумина. Имено, тој извади апче и го голтна. Се уште нема точни информации поради која основа Меси конзумирал апче, но според „Радио Каталонија“, станува збор за глукоза.

Таа служи за покачување на енергијата и не е во забранетите супстанци. Во 2013 година тенисерот Марин Чилиќ беше казнет со отсранување од терените во рок од 9 месеци, поради конзумирање на глукоза, во која имало и никетамин.

https://youtu.be/LrvsaKFePuE

поврзани објави

     

Последни објави