29.8 C
Skopje
Sunday, June 29, 2025

Борисов против прекин на преговорите на Турција со ЕУ

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов се спротивстави на повиците на некои земји, вклучително и на Германија и Австрија, за конечен прекин на преговорите за членство на Турција во ЕУ.

“Ако денес прифатиме решение дека Турција е наш главен ривал и преговорите со оваа земја бидат прекинати, што ќе правиме со јужниот фронт на НАТО – Бугарија станува јужен фронт на НАТО”, изјави Борисов пред бугарските новинари на маргините на Европскиот совет, цитиран од агенциите. “Може ли Бугарија да го задржи јужниот фронт на НАТО ?”, праша тој. Според него со тезата анти-Турција се добиваат избори, но Турција е најголемиот сосед на ЕУ, а и на Бугарија.

“Целиот одбранбен систем на Бугарија и на ЕУ ќе се урне, ако тоа се прифати. Треба да внимаваме. Што ќе се случи ако Турција премине во друг камп? Реториката против Турција може и да добива избори но не може да добие војна“ додаде премиерот на Бугарија.

поврзани објави

     

Последни објави