7.8 C
Skopje
Wednesday, February 28, 2024

На Грујевски и Бошковски ќе им се суди по брза постапка

Според грчките медиуми на Горан Грујевски и Никола Бошковски кои завчера беа уапсени на аеродромот во Солун откаде што планирале да летнат за Будимпешта, Грција ќе им суди за поседување на лажните документи по брза постапка  токму во Солун.

Медиумите на нашиот јужен сосед соопштија дека во исказот пред грчкиот суд Горан Грујевски и Никола Бошкоски барале да не ги екстрадираат во земјава, бидејќи, како што рекле се плашеле за нивните животи а ги отфрлиле сите обвинувања и потенцирале дека се жртви на политички прогон. Потсетуваме дека грчката полиција ги фати поранешните функиционери на УБК благодарение на лошо изработените лажни пасоши. Тие се криеле под идентитетите Христо Атанaсов и Неџби Хасан.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -