7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Бошњаковски: Владата очекува почитување на меѓународните договори за екстрадиција

Владата очекува дека ќе се испочитуваат сите меѓународни договори и меѓународни стандарди во вакви случаи и целата постапка ќе биде завршена во рамки на реалните рокови за вакви постапки, изјави владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, во однос на екстрадицијата на поранешните началници во УБК Горан Грујевски и Нокола Бошковски од Грција.

На прашањето како ќе ги коментира изјавите на двајцата бегалци за грчки медиуми дека се плашат да се вратат во Македонија поради притисоци, Бошњаковски истакна дека не може да коментира овие изјави бидејќи во тек е судска постапка.

Грујевски и Бошковски беа уапсени на 18 октомври на солунскиот аеродорм на пат за Унгарија, со лажни бугарски пасоши и идентитети. Двајцата вчера беа изведени пред обвинител и се очекува за нивната екстрадиција да се произнесе и Апелацискиот суд во Солун.

поврзани објави

Последни објави