Хрватскиот фудбалски репрезентативец Домогој Вида за време на вчерашниот дуел помеѓу неговиот Динамо Киев и Јанг Бојс во Евроа лига, наликуваше како само што излегол од војна.
Главата на Вида при еден воздушен дуел настрада и се отвори голема расекотина, па се разли крв низ неговата глава, а потоа и спортската опрема.
Лекарскиот тим на тимот од Украина некако го преврза Вида и го врати во игра, но крварењето не запре, па беше извадене од игра.