10.8 C
Skopje
Saturday, February 24, 2024

Деца испеаа вакцина против српскиот турбофолк (видео)

Еве го одговорот за сите оние интелектуалци (начело со Златко Ориѓански), кои се вознемирија од фактот дека „Next Time“ наместо да прават нова музика почнале да препејуваат стари изворни песни. Маката е посебно голема и поради фактот дека и двете песни од тие изворните, што ги преработија се со комитска тематика, а тоа не е препорачливо нели? Има еден куп други теми: социјалните неправди, бомбите на Заев, гласачите од Пустец, тргнале ви се молам да препејуваат песни за комити.

Овие мали принцези ја испеаа вакцината против српскиот турбофолк. Би сакал да ги поздравам „Next Time“ од мое име и од името на еден мој многу близок човек, заради нивните напори во зачувувањето на македонската култура. Затоа што тоа е патот, нашите деца наместо песни од Цеца, Сандра Африка и Аца Лукас, да пеат наши изворни песни па макар биле тие и комитски (почитувани дами и господа фанови на Ориѓански). Морам да го спомнам и коментарот на мој исто така многу близок човек, кој ми го испрати видеото и ми рече, дека никогаш немал видено поубаво нешто.

Како што викаат од Next Time ова е поентата на препејувањето, македонската изворна песна да стигне до што повеќе млади луѓе. Да се запознаат со неа, да ја засакаат. оти тоа е во основата на се, во основата на нашиот ген и од тоа нема бегање.

Пишува: Батко Тане

Edna od poentite zosto se obrabotuvaat starite izvorni pesni!…

Edna od glavnite pricini zosto se obrabotuvaat ovie stari narodni izvorni pesni!!!Srcinja:)

Posted by Next Time on Friday, October 20, 2017

 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -