2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Е. Захариева: Можно е Црна Гора да стане првата земја членка на ЕУ од западниот Балкан

Во интервју за бугарското радио „Дарик“ шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева рече дека е возможно Црна Гора да стане првата држава од западниот Балкан, која ќе успее да стане дел од Европската Унија. Таа посочи дека Црна Гора има само уште 5 поглавија од преговорите, кои  не се отворени и се наоѓа во најповолна позиција за зачленување во Унијата. Захариева потсети дека процедурите за влез во ЕУ се долги, но не ја исклучи можноста Подгорица да стане дел од големото европско семејство до 2022 г.
Во врска со Македонија, Захариева изрази жалење поради фактот што нашата земја иако прва од земите од Западен Балкан го добила кандидатскиот статус уште во 2005 г. , поради „причини кои не се во европските држави“ се уште не успева да оствари поголем напредок на патот кон ЕУ. Таа додаде дека промената на политичката ситуација во Македонија е добар знак и исткна дека се надева напорите за зајакнување на политиката за добрососедство и примена на неопходните реформи ќе продолжат.

поврзани објави

Последни објави