-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

СДСМ и ВМРО-НП заедно против ВМРО-ДПМНЕ во Штип

Претседателот на владеачката партија СДСМ, Зоран Заев, денес од Штип порача дека ја добиле поддршката од ВМРО Народна Партија, односно ќе застанат на страната на Благој Бочварски.

„Она што во вториот дел на изборите е новина, ние сме засилени со ВМРО Народна партија. Заедно со нас е Никола Тасев, членот на извршниот комитет на Народна партија. Коалицијата е потврдена на централно ниво, заедно стоиме во таа коалиција“, изјави премиерот Заев при посетата на Штип.

Според Заев оваа дополнителна поддршка од граѓаните симпатизери на Народна партија, ќе биде од големо значење во вториот круг од локалните избори, со цел дополнително да се зголеми разликата на гласови.

поврзани објави

Последни објави