17.8 C
Skopje
Tuesday, November 5, 2024

Масовни протести во Каталонија: Мадрид ја суспендираше владата

По одлуката на шпанската Влада за распуштање на каталонската влада и барање за нови избори, илјадници граѓани на Каталонија излегоа на масовни протести во Барселона.

Градоначалничката на Барселона Ана Чолау изјави дека ваквиот потег на Мадрид е сериозен удар врз правдата и слободата на граѓаните. Со поддршка за протестите излезе и претседателот на фудбалскиот клуб Барселона, кој најави дека клубот дава апсолутна поддршка на демократските институции на Каталонија.

Премиерот на Шпанија, Маријано Рахој го активираше членот 155 од Уставот, кој му овозможува на Мадрид повторно да постави контрола над регионите кои не ги почитуваат законите.

„Автономијата не е суспендирана. Oтстранети од позиција се лицата кои притискаа владата да делува надвор од законот и уставот. Одлуката е одговор на постапките на каталонската Влада, кои беа еднострани, спротивни на законот и со кои се бараше конфронтација“ – изјави премиерот на Шпанија.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, јавниот обвинител на Шпанија е подготвен да поднесе обвинение против Пуџдемон, доколку тој се обиде да прогласи независност. Доколку тоа се случи, тој ќе биде обвинет за бунт, а според законот во Шпанија, може да стигне и до 30 години казна затвор.

поврзани објави

Последни објави