Барселона вечерва игра на свој терен против Малага во 9. коло од шпанската Примера.
Веќе во 9. минута, Каталонците преку голот на Деулофеу, го отворија натпреварот со асистенција на Диње.
Сепак, голот е нерегуларен затоа што топката при центаршутот на французинот, беше надвор од теренот. Судиите не го приметија, па така играчите на Барселона можеа слободно да слават.