Враќањето на кружните автотрки во Скопје денес резултираа со сериозен инцидент, откако во последната тргка автомобилистот Урош Бркиќ со автомобил Хонда излета од патеката и удри во еден од организаторите, и легендата на автомото споротот во Македонија, Александар Димушевски.
Медицинските лица веднаш интервенираа, па повредениот Димушевски беше пренесен во болница.
Според информациите кои ги соопштија неговите најблиски, Димовски е надвор од животна опасност. Извршени му биле неколку хируршки зафати, поради скршеница на ногата и на ребрата.