fbpx
24.2 C
Skopje

Манипулација со коефициенти

АКТУЕЛНО

Паѓањето на коефициентите е се почест процес кој може да го сретнеме во интернет обложувањето. Тоа се јавува како последица на неколку фактори, а во оваа статија ќе ја издвоиме манипулацијата со коефициенти како фактор за паѓање на одреден коефициент.

Тука ќе напишеме неколку реченици за тоа како манипулаторите прават паѓање на коефициентот за одреден натпревар.

Многу често може да забележеме дека на одреден натпревар за да има помалку од 3 голови коефициентот е 2.4, а следниот ден истиот паднал на 1.9.
Зошто е тоа така и како се случува?

Најчесто ваков случај со драстичен пад на коефициентот може да забележеме кај пониските лиги и истото може да биде предизвикано од ордредени манипулатори. Како што претходно напишавме во ниските лиги за да дојде до пад на коефициентот е потребна мала уплата, односно за да дојде до намалување на коефициентот не се потребни големи суми како што е тоа потребно за големите и јаките лиги.

Во овој случај манипулаторите ставаат одредена сума на пари на 0-2 гола и тој коефициент паѓа, додека пропорционално се зголемува за 3+.

Како пример ќе земеме еден натпревар од трета лига. За тој натпревар почетниот коефициент за да има помалку од 3 голови е 1.7, а за 3+ е 2.

Манипулаторот има информација дека натпреварот ќе заврши со повеќе од 3 голови, но понудениот коефициент му е премногу мал. Во тој случај свесно става одредена сума на уплата на 0-2 гола и го паѓа коефициентот од 1.7 на 1.4, а коефициентот за 3+ се зголемува на 2.5.

На овој начин тие за мала сума добиваат зголемување на коефициентот за 3+, па така го користат зголемувањето на коефициентот, па уплаќаат поголема сума на 3+ и остваруваат поголема добивка.

Ова се ретки случаи, но сепак постојат и се застапени како што претходно напишавме во пониските лиги или лиги кои не се толку познати.

Нашата препорака е да не верувате во овие информации, бидејќи најчесто тие се покажуваат како невистинити.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -