Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева изјави дека официјална Софија и Атина се подготвени да и помогнат на Република Македонија за спроведување на реформи за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.
Потребно е прво да се изгради доверба меѓу политичките раководства. Тие имаат долг пат и многу реформи за да започнат преговори за влез во Европската унија. Разговаравме со Грција и подготвени сме да испратиме експерти да и помогнат на Владата да ги спроведе неопходните реформи, рече Захариева во изјава за бугарското радио „Дарик“.
Министерката од соседна Бугарија рече дека пречка за приемот на Македонија во ЕУ беше “политиката на земјата која беше против соседите, против Бугарија, против Грција“.